На Бајден му е откриен рак на кожата, канцерогеното ткиво успешно отстрането

– Кевин О’Конор, лекарот на американскиот претседател Џо Бајден, објави дека лезијата земена со биопсија од градниот кош на претседателот минатиот месец е канцерогена, но дека не бара дополнително лекување, јавува Анадолу.

Белата куќа го објави извештајот на д-р О’Конор за резултатите од биопсијата на лезијата на градниот кош на Бајден на 16 февруари.

„Целото канцерогено ткиво е успешно отстрането“, рече О’Конор, истакнувајќи дека станува збор за вид на рак на кожата наречен карцином на базални станици. Напоменувајќи дека и подрачјето околу местото на биопсијата е третирано со електродесикација, О’Конор потврди дека нема потреба од дополнителен третман.

Доктор О’Конор истакна дека лезиите на карцином на базалните станици не се склони кон метастази.

Лекарот забележал дека овие лезии можат да растат. Наведувајќи дека местото на биопсијата зараснало, О’Конор рече дека состојбата на претседателот ќе се следи во рамките на неговите рутински прегледи.

Белата куќа на 17 февруари го сподели извештајот на доктор О’Конор со детални информации за здравјето на Бајден, кое често е на дневен ред во американската јавност, бидејќи има 80 години.

Нагласувајќи дека здравјето на Бајден е „соодветно за исполнување на неговите должности како претседател“, О’Конор истакнува дека била направена биопсија поради лезијата во градниот кош на претседателот, но дека резултатите сè уште не се достапни.