Морничаво видео од надзорна камера во детска соба стана вирално на TikTok.
Таткото на двегодишното девојче објави видео на кое, како што тврди, девојчето нешто или некој го влече под креветот.
– Нешто ја повлече ќерка ми под креветот. Мојата сопруга мисли дека се оддалечила, но јасно е дека нешто ја повлекло – напишал на видеото кое го погледнале над осум милиони луѓе.
На видеото се гледа како малото девојче си игра и по неколку моменти оди на другиот крај од својот кревет и се наведнува да побара нешто. Набрзо почнала да ја бара мајка си и да плаче додека брзо исчезнувала под креветот.
,,Нема шанси да се исплаши од нешто и да и да ја бара мајка си, а потоа доброволно да оди под креветот“, „Зарем жена ти не го слуша звукот на девијчето? Очигледно е исплашена и вреска по мајка си. Срцето ми застана“, „Да сум на твое место, би ги предал клучевите од тој дом и би се иселил од дома“, „Ова е толку морничаво“, „Полошо од ужас“, се само дел од коментарите под објавата.
Подоцна, таткото објавил уште неколку снимки и открил дека нивната ќерка повеќе не спие во таа соба.
Секако, има и такви кои се поддржувачи на рационално (и најчесто, ако не и секогаш) правилно објаснување. А тоа е дека малото девојче се влечело под креветот, а потоа се исплашило, бидејќи било заглавено и почнало да вика по мајка си.
Или тоа, или Баба Рога, како што сè уште верува таткото на бебето дека навистина постои…
Најлошото нешто во целата приказна би било ако таткото сепак знае дека Баба Рога не постои и само го користи своето дете за да стекне популарност на социјалната мрежа.