Наскоро на Нетфликс доаѓа документарец за Роби Вилијамс, а познатиот пејач за странските медиуми проговори за моментите на неговата најголема слава.
Имено, тој откри дека во времето на својата најголема слава имал тешко пореметување во исхраната, па проговорил и за борбата со анорексијата.
Роби призна дека изгубил повеќе од 12 килограми за кратко време благодарение на лекот за дијабетичари, кој многу луѓе го користат за слабеење.
Штом ќе накачам некој килограм, тоа е страшно лошо за моето здравје. Се чувствувам како да полудам“, рекол тој.
За малку ќе се расплакаше кога откри дека неговиот нов документарец за Нетфликс бил трауматичен за снимање бидејќи бил принуден повторно да ги преживува своите битки.
“На врвот на мојата кариера живеев со една банана дневно, односно само 90 калории. Цел живот имам нарушување во исхраната, тоа е всушност мешавина од сите нарушувања”, рекол тој.
Роби беше познат по својот „див“ начин на живот долги години, вклучувајќи ги и виорните романси со поп-дивите Никол Еплтон и Гери Халивел. На пејачката и е дијагностицирано нарушување на вниманието и телесна дисморфија.