На вчерашен ден: Почина ѕвезденото милениче и стрелецот на познатиот гол во дербито! (ВИДЕО)

На вчерашен ден, пред 22 години, фудбалскиот свет на Србија беше завиен во црно. Трагичната вест за смртта на Јован Цуне Гојковиќ, поранешниот играч за врска на Црвена звезда, со тага беше примена од навивачите и фудбалските фанови ширум земјава.

Јован Гојковиќ го загуби животот на 22 декември 2001 година во сообраќајна несреќа кај кулата Генекс во Белград. Враќајќи се од Стара Пазова, Гојковиќ поради лизгавиот коловоз изгубил контрола над возилото и удрил во бандера покрај патот. Имаше само 26 години.

Гојковиќ бил познат по прекарот „Цуне“, кој го добил поради презимето, легендарен пејач на народна музика. Навивачите на Црвена звезда го паметат како миленик на трибините, особено по неговиот гол во 110. вечно дерби, со кој запечати победа од 4:0.

За три години во дресот на Црвена звезда (1997–2000) одигра 75 натпревари и постигна 21 гол. Пред да дојде во Звезда настапуваше за Борац од Чачак и Чукарички, додека кариерата ја продолжи во грчки Ираклис. Неговиот единствен настап за репрезентацијата на Југославија е забележан по Светското првенство во Франција во 1998 година.

Неговата смрт остави неизбришлива трага кај ѕвезденото семејство и фудбалската јавност. На денешен ден се сеќаваме на Јован Цуне Гојковиќ, чие име сè уште живее меѓу обожавателите и почитувачите на неговиот имиџ и дело.