На вчерашниот протест во Белград имало околу 100.000 луѓе?!

Врз основа на достапните снимки и фотографии, „Архивот на јавни собири“ утврди дека на протестот што го организираа студентите во Славија, се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе, објавија од архивот на социјалната мрежа „Х“.

Снимките кои се користат за броење на учесниците се снимени во периодот од 16:45 до 17:00 часот.

Во објава на социјалните мрежи српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека според проценките на МВР на протестот имало околу 30.000 луѓе.