Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини Табановце, Пелинце и Богородица се чека по еден час за влез во државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Г.П. ‘Табановце‘, Г.П. ‘Пелинце‘ и Г.П. ‘Богородица‘ за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.