На денешен ден се случи една од најсмешните сцени во фудбалската историја! (видео)

На денешен ден се случи една од најбизарните сцени во историјата на фудбалот – моментот кога голманот Сем Бартрам остана на теренот убеден дека натпреварот сè уште се игра иако беше прекинат поради густата магла. Оваа необична ситуација се случила на студениот Божиќ во 1937 година, на натпреварот помеѓу Челзи и Чарлтон на Стемфорд Бриџ.

Маглата тој ден правеше огромни проблеми, целосно отежнувајќи ја видливоста на играчите. Во моментот кога судијата реши да ја прекине играта, Бартрам, голманот на Чарлтон, остана на својата позиција меѓу стативите, несвесен дека сите други играчи и судискиот тим се повлекоа во соблекувалните. Тој веруваше дека играта сè уште трае и продолжи да стои на своето место, чекајќи да продолжи акцијата на теренот.

Свеста за вистинската ситуација дошла дури кога му пришол полицаец, кој збунето го прашал: „Што правиш овде?“ Натпреварот заврши пред 15 минути. Стадионот е целосно празен“.

Овој несекојдневен момент стана дел од фудбалскиот фолклор и се прераскажува речиси еден век подоцна. Сцената на голманот како сам стои на теренот во густа магла остана запаметена како една од најиконите во фудбалската историја.

Сем Бартрам не остана запаметен само по овој настан. Тој изгради импресивна кариера која траеше повеќе од две децении, за време на која одбрани дури 623 лигашки натпревари за Чарлтон. Неговиот придонес во тимот и статусот на еден од најдобрите англиски голмани се памети и денес, но приказната за замаглениот Стемфорд Бриџ има посебно место во фудбалската историја.