На Детската клиника во Скопје почина 9-годишно дете

Два дена по приемот, деветгодишно дете почина на Клиниката за детски болести во Скопје.

,,Детето на 14 јануари од Штипската болница во тешка состојба било донесено на скопската клиника“, се вели во писменото известување од штипската болница.

„На 14 јануари во 18 часот детето е донесено на Одделот за детски болести при Клиничка болница – Штип во тешка општа состојба со губење на свеста. Веднаш се направени биохемиски анализи и КТ на глава, а поради тешката состојба истиот ден во 19 часот со лекарска помош детето е пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје“, се вели во соопштението на Клиника – Штип.

Додека од Детската клиника велат дека кога 9-годишното дете било донесено кај нив, имало срцев удар и влошување на виталните параметри.

Од таму додаваат дека лекарите се сомневаат дека лошата здравствена состојба на детето е последица на цревна инфекција.

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од општина Свети Никола.