На Дино Мерлин му се слошило синоќа околу 21 часот во Башчаршија, поради што реагирала екипа за итна помош. Докторите за неколку минути дошле по пејачот и го однеле во болница.
– Јас и мојот пријател седевме во паркот спроти неговата продавница. Потоа видовме амбулантно возило, влегоа во неговата продавница, а недолго потоа излезе со нив, јавуваат читателите на 24сата кои испратија видео како брзата помош го земала Дино Мерлин. Итната помош пристигнала во неговата продавница „Магаза“, која се наоѓа во Башчаршија.
– Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓа во неговиот дуќан – рекол човек кој бил на лице место, за хрватските медиуми.
Според неофицијалните информации кои ги објавија медиумите, на Дино Мерлин му се слошило околу 21 часот, но неговиот живот е надвор од животна опасност. Пејачот бил придружуван од неговата ќерка Наида , која е десна рака на нејзиниот татко и лична асистентка, па синоќа го придружувала до Брзата помош.