На дното на Јадранот открија тајна скриена цели 7.000 години: Археолозите останаа без зборови, се беше покриено со кал

Пред четири години, археолозите од Универзитетот во Задар дојдоа до неверојатно откритие во близина на западниот брег на Корчула.

Сè е направено како дел од истражувањето на потопеното неолитско наоѓалиште Солине на познатиот остров, а научниците решиле подетално да ги испитаат деталите забележани на сателитските снимки, пренесува Folder.dnevnik.hr.

Изненадување за сите

Тие ја подготвија својата опрема и нурнаа, немајќи поим што може да најдат, а потоа се случи нешто што ги изненади дури и археолозите.

Под наслагите на морската кал пронашле остатоци од пат стар 7.000 години што ја поврзувал потопената праисториска населба на културата Хвар со брегот на Корчула. Изграден е од внимателно наредени камени плочи и е широк четири метри.

Инаку, споменатата населба е датирана околу 4.900 г.п.н.е., по радиокарбонска анализа на дрво пронајдена во претходните истражувања.

„Луѓето одеа по овој пат пред речиси 7.000 години“, беше објавено на Фејсбук страницата на Универзитетот во Задар .

Откривање на друга населба

Првично се наметна прашањето дали патот е дело на природата, но истражувачкиот тим пронашол керамички предмети и камени ножеви, што доведува до заклучок дека се работи за човечка креација.

Археолошкиот тим го истражуваше и земјиштето од спротивната страна на Корчула, околу заливот Градина. Ова доведе до откривање на уште една потопена населба – на длабочина од четири до пет метри, со слична конфигурација на локацијата Солине.

Иако потонатиот пат беше пронајден во 2021 година, официјално беше потврдено дека постои во 2023 година, а откритието стана глобална вест. Во изминатите неколку дена приказната постојано се актуелизираше во хрватските медиуми.