Верувале или не, постојат научни докази зошто речиси секоја жена потешко го поднесува студот од мажите.
Истражувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд откри дека температурата на телото на жените е повисока од машката, но кога телото е навикнато да биде потопло, студениот воздух е уште постуден за такво тело, пишува „ Гламур Хелт “.
Тоа е особено изразено кај жените кои користат контрацептивни таблети бидејќи ја зголемуваат телесната температура, а исто е и кај оние кои користат хормонални средства за контрола на бременоста, поради нарушена хормонална рамнотежа.
Поладни раце и нозе
Првото нешто што обично го слушате од една жена кога и е ладно е дека рацете и стапалата и се смрзнуваат. Според студијата објавена во медицинското списание „Лансет“, температурата на рацете и стапалата на жените е пет степени Целзиусови пониска од онаа на мажите.
Имаат послаб метаболизам
Метаболизмот ја одредува брзината со која ја согоруваме храната и за време на овој процес телото се загрева. Жените се чувствуваат поладно од мажите бидејќи метаболизмот им е за 23 отсто побрз, што е и причината поради која побрзо се дебелеат од мажите иако јадат помалку.