Монструмот Коста К. можел да му го земе оружјето на татко му Владимир како и кога сакал. Владимир К. чувал оружје во целиот стан, некои парчиња не биле ни под клуч, туку биле лесно достапни за сите, вклучувајќи го и неговиот син.
Инаку, според информациите кои веќе ги објави српски , Информер”, пиштолот со кој Коста го извршил масакрот во О.Ш. „Владислав Рибникар“ не бил во сеф, како што се пишуваше досега.
Оружјето било во фиока и било заклучено само со катанец кој лесно можел да се откачи.
– Владимир го чувал оружјето во станот. Имаше разно оружје со краток и долг дострел. Одредени парчиња не беа ни обезбедени, па Коста многу лесно можеше да дојде до оружјето – изјави извор од истрагата и додаде:
-Пиштолот со кој го извршил делото во „Рибникар“ бил во фиока. Бил заклучен со катанец, кој верувајте можеше да се извади со обична вилушка – вели соговорникот на Информер, кој е запознаен со овој случај.