Кристијан Голубовиќ се замешал во конфликтот, поточно тепачка меѓу двајца мажи во понеделникот на хрватскиот брег.
Според хрватскиот „24 сата“, каде е објавено и видеото, Кристијан Голубовиќ се вмешал во конфликтот меѓу двајцата за да ги раздели.
-Во тепачката учествувал Иван Гилјановиќ, повеќепати осуден член на сплитската криминална сцена. Подоцна ситуацијата ја смири Кристијан Голубовиќ, кој е гостин на Гилјановиќ – изјави очевидец.
Тие зборуваа и за пресметката на брегот во видеото кое Гилјановиќ го објави на TikTok во понеделникот. И двајцата во придружба на пријатели и деца се возеле со глисер. Во видеото Гилјановиќ жали што нема пиштол.
– Малку, значи секогаш има акција, малку јадеме и малку удираме хахаха. Среќа што немав, го оставив дома. Да имав, ќе го избушев, сериозен сум – изјави Гилјановиќ.
На Голубовиќ до неодамна му беше забранет влез во Хрватска. Штом му истече забраната, тој отпатува прво во Задар, па во Сплит и на крајот се најде со Гилјановиќ на Хвар.