Кога се емитуваше познатата серија „Есмеларда“, улиците беа празни. Актерката Летиција Калдерон, која ја доби улогата на главниот лик, беше многу популарна. Во екот на славата доживеала бројни предизвици, а за малку не им попуштала на пороците.
Бев млада и не се контролирав, а се ми беше достапно. Пари, слава, популарност, па дури и дрога“, изјави актерката која двапати се омажи и се разведе, а со адвокатот Хуан Коладо имаше два сина. Нејзиното дете е родено со Даунов синдром, поради што Летиција се повлече од јавноста некое време.
Тој сега наполни 19 години, а актерката која често објавува слики со него на Инстаграм му го честиташе роденденот и на социјалните мрежи: „ Љубов… Многу сум горд на тебе. Ќе продолжам да те правам среќен “, напишала славната Есмералда која тешко прифати кога првпат ја слушна дијагнозата на синот, особено што нејзиниот сопруг веќе има две деца.
„Тоа значеше дека е моја вина. Тој веќе има две здрави и правилни деца, а јас родив болно дете. Сепак, не знаев што правам погрешно. Не пиев, не пушев за време на бременоста не се нервирав многу. Што згрешив што му наштетив на сопственото дете?“, рекла тогаш Летиција, која сега го смета нејзиниот син за најголемо богатство.
„ Никогаш не се запрашав себеси „зошто јас“. Благословена сум што имам вакво дете. Сакав да се исполнам како мајка и кога ми се укажа прилика, добив син со Даунов синдром. Тој е највредниот скапоцен камен што го имам во мојот живот“, изјави актерката која не се промени многу иако поминаа две децении од емитувањето на популарната серија.