На некогаш најскапиот фудбалер на светот му се заканува ненадеен и срамен крај на кариерата !?

Италијанските спортски обвинители побараа четиригодишна забрана за игра за францускиот играч од средниот ред на ЈувентусПол Погба, кој беше обвинет за допинг, објавија италијанските медиуми во четвртокот.

Пол Погба беше суспендиран во септември, откако на тестот на италијанската национална анти-допинг организација излезе позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста кај спортистите, а тестот беше спроведен на 20. август по победата на Јувентус од 3:0 на отворањето на сезоната во Серија А против Удинезе.

Неговиот позитивен допинг тест беше потврден во контра-анализа на друг примерок во октомври. Доколку судот го прифати барањето на обвинителот, тоа може да значи и крај на кариерата на некогаш најскапиот фудбалер на светот, кој сега има 31 година.

Да потсетиме, Пол Погба во 2016 година се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра обештетување, што беше најголемиот трансфер во фудбалската историја.

ЈувентускариераПол Погбафудбал