На ова мало островче во Хрватска живее само еден жител, Проспера Павиќ, живее на само 0,011 квадратни километри.
Својот мир го нашла на островот пред повеќе од осум децении и нема намера да замине. Ужива во тишина и повремени посети од синот и внукот од копното. Таму преживеала две војни, а омилено, вели, и било времето пред Втората светска војна.
11 објекти на островот
Островот, локално познат како Гован или Говањ, се наоѓа помеѓу Клек и Пељешац. Покриен е со медитеранска вегетација, најмногу алепоски бор, маслинки и маки.
Со текот на годините на островот биле изградени дури 11 згради кои биле користени за приватни и јавни потреби. Порано имало складиште за бродови, одморалиште за деца, а некои објекти биле приспособени на истражувачката и научната работа на Институтот за поморски истражувања од Сплит.
Во минатиот век, островот ги смени сопствениците. Некогаш припаѓал на семејството Бандур од Мали Стон, а во 30-тите години го купил богат банкар и бродар Божо Банац од Дубровник, кој на него изградил куќа за себе и за своите гости.
По Втората светска војна стана сопственост на државата. Најживо време на островот било во 80-тите години на минатиот век, кога на островот се наоѓало новосадското детско одморалиште Радосно детство – Наши деца. Сега на живописниот остров е само баба Проспера.