Постот претставува воздржување од физички и ментални искушенија.
Постот во христијанството значи многу повеќе од начин на исхрана бидејќи подразбира време на умереност и благост во различни области од животот.
Постот е дел од религиозен ритуал во многу делови од светот, вклучително и кај нас, а подразбира откажување од одредени намирници, особено од животинско потекло.
Во тоа време, верниците треба да се придржуваат до посебен режим на исхрана, односно да ја поддржат својата духовна сила со воздржување од мрсна храна.
Покрај религиозното значење, постот има и позитивни ефекти врз човековиот организам, бидејќи со откажување од одредени намирници се прочистува телото, т.е. телото се детоксицира.
Нутриционистите велат дека храната за време на постот треба да биде разновидна, бидејќи така се зачувува имунитетот.
Како што советуваат речиси сите нутриционисти, важно е да се внимава да се консумираат доволно хранливи материи, протеини, масти и јаглехидрати.
Како што нагласуваат нутриционистите, постот не треба да биде монотон за да не се намали имунитетот и да не се предизвикаат здравствени проблеми. Особено е важно да не го прескокнувате појадокот. За време на постот треба да јадете храна која е свежа и содржи витамини, минерали и растителни влакна.
Дополнително, важно е да се знае дека за време на постот може да дојде до недостаток на витамин Д во организмот, бидејќи не се консумираат млечни производи, па затоа е неопходно да се јаде риба или да се земаат додатоци на овој витамин.
Заедно со витаминот Д, важни се и витаминот Б12 и витаминот Ц.
Освен што го чисти организмот од токсини, постот позитивно влијае и на целокупното здравје.
Дигестивниот тракт мирува
Откриено е дека 65 отсто од енергијата на телото после тежок и обилен оброк е насочена кон дигестивниот систем. Постот го одмора дигестивниот систем и овозможува детоксикација и чистење на телото.
Додека се одвива овој процес, енергијата на телото, која вообичаено е фокусирана на варење на храната во текот на денот, сега е насочена кон регенерирање на организмот и негово обновување.
Поголема продуктивност
Во исто време, човекот ја зајакнува својата ментална острина и добива нови идеи за работа. Затоа, благотворното дејство на постот не е ограничено само на физичкиот аспект на организмот, туку носи безброј придобивки и предности за менталното здравје и психолошката стабилност.