Пристигна нова сезона, а со тоа и време за правење нови планови. Што се однесува до астролошките предвидувања, време е да откриеме кому сè ќе му тргне надолу оваа есен.
Во продолжение дознајте кои три хороскопски знаци нема да имаат среќа оваа есен.
Бик
Бикот оваа есен ќе имаат љубовни проблеми. Слободните неуспешно ќе се обидат да го променат статусот, но на тоа поле ќе доживуваат пораз по пораз. Зафатените, пак, ќе се обидуваат да седат на две столчиња, што дефинитивно тоа ќе биде голема грешка, па во октомври би можеле да останат сами.
Од финансиска страна, на работните Бикови нема да им биде толку тешко, но оптоварени со приватни проблеми, на работа би можеле да направат грешка која може да ги удри и по џеб.
Здравствено, освен скршено срце и ранета гордост, нема да има премногу други тегоби. Сепак, може да се појави болка во грбот.
Девица
За Девиците доаѓа бурна есен во која нема да знаат што прво да направат, а перфекционизмот и посветеноста на деталите ќе им донесе повеќе грижа и стрес во деловното опкружување отколку успех овојпат.
Љубовта и кај нив ќе тргне надолу, а есента ќе ги одбележи нивните кавги со партнерот, кои ќе се смират дури на крајот на ноември, а доколку не се грижат добро за своето однесување, би можеле да се најдат на работ на раскинување. Ќе страдаат од хроничен замор и исцрпеност, а можни се и чести главоболки.
Овен
Тврдоглавите Овни ќе ја започнат есента со голема промена во љубовниот живот, но не на подобро. Нивниот партнер ќе се измори од нивното непромислено однесување и непромислените реакции, а додека Овенот сфати, може да биде предоцна. Слободните ќе запознаат личност која им се допаѓа, но наскоро ќе се открие дека другата страна не е многу искрена во нивната врска.
Обично ќе бидат ефикасни на работа, но нетрпеливоста и нивната агресивна природа скапо ќе ги чини, па би можеле да имаат големи конфликти со колегите.
Што се однесува до здравјето, би било добро да се грижите за зглобовите и да бидете многу внимателни бидејќи кон средината на октомври може да имате болна повреда за која ќе треба долго време целосно да зарасне.