Хамас се согласил со основите на договорот со Израел според кој тие треба и ќе ослободат околу 50 заложници во замена за тридневно примирје во Појасот Газа, објави медиумската агенција Reuters, цитирајќи неименуван функционер.
Според договорот, Израел, исто така, ќе треба да ослободи одреден број палестински жени и деца од израелските затвори и да го зголеми дозволениот проток на хуманитарна помош во Појасот Газа.
Сепак, официјален претставник вели дека израелските власти се уште не се согласиле со условите од договорот и дека се уште преговараат за деталите.
Извор на Reuters истакнал дека катарските посредници денес се обиделе да постигнат договор со Хамас и Израел и дека САД веќе се согласиле на договор за кој сè уште се разговара.