Од кога мемоарите на принцот Хари ја здогледаа светлината на денот, медиумите во полна пареа пишуваат за нив. Се појавија скандалозни детали, а светот го шокираа непријатните детали кои сериозно го потресоа познатото кралско семејство.
Имено, во своите мемоари наречени „Spare“, принцот признава дека како малолетник конзумирал дрога.
„Признавањето за употреба на дрога обично е основа за одбивање на визата за престој во САД. Тоа значи дека визата на принцот треба да биде одбиена или укината затоа што тој признал дека користел кокаин и други дроги“, изјави Наема Рахмани, федерален обвинител во Соединетите Американски Држави (САД).
„Законот не признава нечиј статус на принц или фактот дека дрогата била користена за рекреативни цели“, објаснува тој.
Имено, принцот во мемоарите признава дека бил алкохоличар како малолетник, како и дека користел разни опијати – од марихуана, разни психоделици до кокаин, а како што самиот рекол, тоа било употреба на опијати. Принцот Хари тврди дека тоа го спасило од чувството на болка поради загубата на неговата мајка, принцезата Дијана. Тој тврди дека тоа било бегството од реалноста за момент.
Сепак, американските медиуми сметаат дека сигурно нема да се случи принцот да ја загуби визата, бидејќи за тоа би требало посериозно кривично дело. Од друга страна, се верува дека најголемиот проблем на принцот во моментов е да одлучи дали ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс III, кое ќе се одржи во мај годинава.
Имено, иако Хари и Меган Маркл се поканети на церемонијата, парот се уште не одлучил дали ќе присуствува. Причината е неможноста за доаѓање на нивните деца, ќерката Лилибет и синот Арчи. Од друга страна, сите три деца на принцот Вилијам и Кејт ќе имаат големи улоги за време на крунисувањето на кралот Чарлс, велат извори блиски до кралското семејство. Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се очекува да им се придружат на монархот и кралицата Камила додека ја напуштаат Вестминстерската палата на крајот на церемонијата.
Децата на Камила, Том Паркер Боулс и Лаура Лопез, исто така, се очекува да присуствуваат заедно со нејзините внуци – Лола, Фреди, Елиза, Луис и Гас – на кои можеби ќе им бидат доделени и главните улоги на церемонијата.