Со неколку помали инциденти, пред сè со фрлање пиротехнички средства на влезот на владиниот објект, заврши денешниот, последователен антивладин протест, организиран од албанските Демократи предводени од Сали Бериша, кои добија поддршка и од Партијата на слободата на поранешниот претседател Илир Мета.
На протестот, што се одржа на плоштадот „Народни херои“, пред албанската Ввлада, а на кој присуствува илјадници граѓани од сите делови на земјата, се обратија повеќе говорници, а говорите ги заокружи Бериша, кој предупреди дека „револуцијата продолжува и в понеделник пред албанскиот парламент“ најавувајќи нов протест.
-Ние сме во света мисија против држава која се однесува полошо од која било османлиска, нацистичка, фашистичка, диктаторска, која Албанија ја знаела до денес. На Еди Рама му набавивме билет, нема враќање! Мисионери како нас, ништо не може да ги спречи! Ја имаме вистината, ги имаме идеалите, ја имаме нашата љубов кон оваа земја. Ја имаме нашата лојалност кон нашите пријатели. Ништо не може да не спречи на овој пат. Еди Рама го претвори Парламентот во срам на нашата национална историја, полош од парламентот на Путин и Лукашенко. Револуцијата нè повикува, в понеделник сите пред парламентот, рече меѓу другото Бериша.
Тој, како вообичаено и сега со серија обвинувања до премиерот Рама, нарекувајќи го криминалец и „уништувач на Албанија, поттикнувач на депопулацијата на земјата…“.
-Народ на протести, народ на победата, да се обединиме сите да одиме од битка во битка до нашата конечна победа. Еди Рама заборави дека овој народ можеш да го исклучиш од гласање и избори. Ништо не може го спречи народот да те најде до стаорец(Рама) и да му го дадат тоа што го заслужува. Конечно, уште еднаш, безгранична благодарност до вас на овој плоштад. Ве повикувам да го продолжиме маршот на слободата, да го продолжиме маршот на победата!“, рече Бериша на крајот од својот говор.
Од обвинувања Рама не беше поштеден и во обраќањето на Мета кој рече дека „за неговите коруптивни афери знае целиот свет и оти на Рама му е многу јасно дека нема да се спаси од давањето сметка пред народот“.
Толпата предводена од Бериша и Мета потоа продолжи и се задржа кусо пред парламентот, пред неколку други државни институции и пред седиштето на владејачката Социјалистичка партија, по што се разотиде.
Додека надвор се протестираше, Рама, кој по занимање е склуптор, на социјалните мрежи постираше видео-запис како во неговото уметничко ателје изработува склуптура.
Инаку, за безбедноста на протестот беа ангажирани над 1.500 припадници на министертвото за внатрешни работи. Полициски кордон имаше и пред владата и пред други државни институции. Вратата на Владата беше блиндирана, за да се избегне влез на демонстрантите во зградата. Фрлените пиротехнички средства кон владата само за момент го придвижија кордонот, но веднаш состојбата се смири.
Приведени се две лица, а полицискиот службеник кој доби лесни повреди од протехничките средства, по укажаната лекарска помош беше пуштен дома.