На ридот покрај стадионот 45 илјади луѓе го следеа концертот на Тејлор Свифт

Илјадници обожаватели на Тејлор Свифт, неможејќи да набават билети за вториот концерт од нејзината турнеја „Ерас“ во Минхен, се собраа да ги слушаат хитовите надвор од стадионот.

Локалната полиција проценила дека пред Олимпијастадонот во Минхен се собрале 45.000 луѓе, што може да се види и од видеата кои кружат на социјалните мрежи.

На концертот на Свифт 74.000 фанови дојдоа на стадионот и уживаа во хитовите на познатата пејачка. За време на концертот Свифт изјавила колку фанови останале пред стадионот.

„Имаме луѓе во паркот пред стадионот, илјадници луѓе слушаат од таму. Ќе ја поминеме цела ноќ обидувајќи се да ви надоместиме“, рече таа.

Пејачката ќе се врати во Лондон следниот месец, каде што ќе одржи уште пет распродадени концерти на стадионот Вембли, откако одржа три концерти во јуни.