Алесандра Амбросио е на листите за најубави жени од самиот почеток на нејзината кариерата до ден денес, иако таа е „пензионирана“ кога е манекенството во прашање.
Сепак, иако красеше безброј насловни страници на престижни списанија како „Vogue“ и „Elle“, а шеташе и по ревии на најголемите дизајнери, сепак има и такви кои веруваат дека таа не е доволно добра и убава за да ја наречат супермодел.
Секогаш кога на социјалните мрежи ќе се појават нејзини папарацо фотографии, многумина се прашуваат зошто таа е една од најубавите жени на светот.
41-годишната манекенка сè уште изгледа неверојатно и воодушевувачко каде и да се појави, но пофалбите редовно паѓаат кога фотографите ја фотографираат во костим за капење. Тогаш наративот се претвора речиси во навреда со тоа што таа има „рамен, лабав задник“, „без струк“ и слично.
Додуша, за некои работи Алесандра не е виновна. Имајќи предвид дека таа беше заштитно лице на „Victoria Secret“ и нивните кампањи се многу фотошопирани, не е изненадување што луѓето се огорчени бидејќи фотографиите на социјалната мрежа Инстаграм и во списанијата се рај и земја во споредба со она што го гледаат во живо.
Исто така, неодамна се дозна дека Алесандра ја направила првата козметичка корекција кога имала само 11 години, што на многумина им дало за право да мислат дека – каде што има една операција, сигурно има повеќе корекции. Сепак, вистината е дека Алесандра имала само една операција, а се останато било подарок од мајката природа.
Имено, познатата убавица имала голем комплекс поради ушите кои биле, како што вели народот, „крупни“. Поради овој проблем, на 11 години решила да направи пластична операција, но не поминало се добро и Алесандра имала голем број здравствени компликации подоцна.