НА СВЕТОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА НОВ КОНФЛИКТ !? Кина остро се закани, а еве поради што се подготвени да влезат во војна

Кина е подготвена да обезбеди големи можности за мирно обединување со Тајван, но нема да толерира сепаратистички активности насочени кон независноста на Тајван, истакнал висок претставник на кинеските власти, пренесуваат странските медиуми.

Сакам да истакнам дека независноста на Тајван значи војна“, изјавил Чен Бинхуа, портпарол на канцеларијата за прашања на Тајван на Државниот совет на Народна Република Кина, коментирајќи ги изјавите на политичарите од Демократската напредна партија на Тајван, кои тврдат дека Пекинг нема план за воена акција против островот.

Континентална Кина нема да толерира или да покаже попустливост кон силите на независноста на Тајван доколку се осмелат да ризикуваат да предизвикаат инциденти кои промовираат независност на Тајван“, појасни Чен Бинхуа.

Тајван е управуван од сопствена администрација од 1949 година, кога остатоците од силите предводени од Чианг Каи Шек (1887-1975) побегнаа на островот откако беа поразени во кинеската граѓанска војна. Тајпеј го задржа знамето и некои други атрибути на поранешната Република Кина, кои постоеја на копното пред да дојдат на власт комунистите. Според официјалниот став на Пекинг, кој го поддржуваат повеќето земји, Тајван е еден од регионите на Народна Република Кина.

КинаполитикаТајван