На светот му се заканува пандемија на зомби вирус!? Алармантни предупредувања: Стравот од ширење на злобните болести од далечното минато се зголемува

Заканата од појава на пандемија предизвикана од овие вируси е зголемена поради климатските промени и глобалното затоплување, што може да доведе до ослободување на смртоносни микроби заробени во вечниот мраз со милениуми, пишува Гардијан.

Во трудот се наведува дека истражувачите веќе изолирале соеви на т.н Метузалах микроби или зомби вируси, кои предизвикуваат страв од глобално ширење на кобната болест од далечното минато.

Научниците почнаа да планираат да воспостават мрежа за надгледување на Арктикот која точно ќе ги идентификува раните случаи на болести предизвикани од антички микроорганизми.

– Во моментов, анализата на заканата од појава на пандемија е насочена кон болести кои би можеле да се појават во јужните региони, а потоа да се прошират на север. Малку внимание е посветено на епидемијата што може да потекнува од далечниот север, а потоа да се прошири на југ, што верувам дека е превид. На север има вируси кои имаат потенцијал да заразат луѓе и да започнат нова епидемија – според генетичарот Жан-Мишел Клавери од Универзитетот во Екс-Марсеј.

Марион Купманс, виролог од Медицинскиот центар Еразмус во Ротердам, вели дека не знаеме кои вируси лежат во вечниот мраз, но верува дека постои реален ризик да има некои вируси кои би можеле повторно да се активираат и да предизвикаат пандемија.

„Мораме да претпоставиме дека такво нешто може да се случи“, рече Купманс