Многу корисници истакнаа дека биле трогнати од прекрасниот гест
На почетокот ја гледаме Кирсти во кревет и нејзиниот очув како ја посетува и нежно ја бакнува нејзината рака. Таа му го кажува името на детето што го избрала, а мажот веднаш почнува да плаче.
Младата мајка на својот очув му го подари најубавиот подарок, бидејќи момчето ќе го носи неговото име, а сцената е многу емотивна.
На овој начин сакала да му се заблагодари за љубовта и поддршката што и ја дал во животот.
Видеото предизвика големо внимание на интернет, за што сведочат 13.400 коментари, пренесува Scoop Upworthy.
„Неговата реакција е прекрасна“, напиша една личност, а друга продолжи: „Твојот очув е неверојатен, исто како тебе, можеш да видиш многу љубов“.
Многумина рекоа дека биле трогнати од гестот на Кирст.