На северот од Европа се раѓа нова и моќна воздушна сила: “Имаме над 300 борбени авиони, знаете ли за каква флота станува збор ?“

Земјите од северот на Европа се зближуваат во одбраната од воздух. „Силата на нашата заедничка нордиска флота е споредлива со воздухопловните сили на армиите на некои од големите европски земји“, коментираше командантот на данските воздухопловни сили, генерал-мајор Јан Дам, откако беше со своите колеги од Шведска, Норвешка и Финска во базата на НАТО во Рамштајн, Германија, каде потпишаа декларација со која ја објавија намерата за интегрирање на воздухопловните сили на северна Европа.

На овој начин, неповрзано со членството во НАТО, кое во случајот на Шведска е попречено од Турција, би се извршила интеграција на дел од воените сили на тие земји, а тоа во, како што истакнуваат експертите, во најмоќниот дел од воена соработка на европскиот север.

Според соопштението објавено во петокот, намерата на четирите земји е да воспостават капацитети за заеднички операции во воздух.

Уште порано, додека не се наѕираше сенката на Турција врз приемот на Шведска и Финска во НАТО, се предвидуваше дека соработката во воздушната одбрана ќе биде најважниот дел од пристапувањето на овие досега неутрални земји во НАТО Алијансата.

Генерал-мајор Дам изјави за Reuters дека Данците сакале да ја истражат можноста за „интеграција на операциите за воздушно набљудување“ и споделување радарски податоци и разузнавачки информации. „Сакаме да ги користиме колективно, а тоа е нешто што сè уште не го правиме“, изјавил генерал-мајорот.

Норвешка има 57 американски борбени авиони F-16 и 37 авиони F-35. Уште 15 борбени авиони F-35 чекаат испорака за оваа земја. Финска има 62 авиони F7А-18 и чека на испорака на 64 авиони F-35Данска има 58 F-16 и чека испорака на 27 F-35Шведска има повеќе од 90 свои Gripens. Станува збор за над 300 борбени авиони во хангари и магацини и над сто нови нарачани авиони.

ДанскаЕвропаНАТОНорвешкаФинскаШведска