Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција откриле дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272.000 денари (околу 4.500 евра) кои патникот не ги пријавил при влез во државата.
Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо, по што бил упатен на контрола со скенер.
Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.