НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ – Витлери, чешли, креми, парфеми: Германија издвојува огромни пари за изгледот на Ангела Меркел

Иако долго време не ја извршува функцијата канцеларка на Германија, државата продолжува да финансира голем дел од трошоците на поранешната лидерка на оваа земја Ангела Меркел.

Германскиот весник „Tagesspiegel“ објави податоци за тоа колку пари одвојува сојузната влада на Германија за поранешни функционери кои, според законот, имаат право на одредени бенефиции и по завршувањето на мандатот.

Така, откако Ангела Меркел ја напушти функцијата, германската влада потрошила 55.000 евра за нејзините трошоци поврзани со козметика и коса.

„Трошоците за овие услуги лани изнесуваа 37.780 евра. Во 2023 година Владата досега требаше да одвои 17.200 евра. Тоа во суштина значи дека месечно се издвојуваат околу 3.000 евра за добриот изглед на поранешната канцеларка. Во оваа сума влегува и патните трошоци и хотелот доколку стилистот ја придружува Меркел на состаноци“, пишува Tagesspiegel.

Федералната влада првично одби да ги открие трошоците, повикувајќи се на приватност и трговски тајни.

Здружението на германските даночни обврзници веќе неколку пати ги критикуваше сè поголемите средства од буџетот за поранешни функционери.

„Тешко беше да им се пренесе на граѓаните информацијата дека се плаќаат козметичарите и фризерите на политичарите. Трошоците за ова треба да се сведат на минимум и да се плаќаат од приватни џебови“, рече претседателот на здружението Рајнер Холзнагел.

Германскиот весник се занимаваше и со другите трошоци на Ангела Меркел, кои се финансираат од буџетот. Така, беше објавена информацијата дека Меркел согласно законот и службените должности вработува девет лица во својот кабинет и дека поседува службен автомобил.

Само персоналот чини неколку стотици илјади евра годишно, а дополнителен трошок се патните трошоци“, се наведува.