На социјалните мрежи кружат бизарни теории на заговор за монструмот од Градачац

На социјалните мрежи кружат бизарни теории на заговор за монструмот од Градачац

На социјалните мрежи се шири информација дека тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ не се самоубил и дека е жив, пишува Боснаинфо.

На социјалните мрежи кружат теории на заговор дека монструмот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, наводно побегнал во Италија и ја измамил јавноста и полицијата.

Но, „ Аваз “ објави фотографија која потврдува дека кобниот ден, по ликвидацијата на сопругата и уште три лица, опкружен од полицијата, тој се самоубил. Се самоубил во БМВ кое било паркирано пред фарма во Доња Леденица .

Нермин Сулејмановиќ се самоуби, а неговото тело моментално се наоѓа во Меморијалниот центар во Тузла . Никој од неговото семејство не сака да го земе телото.