По победата на Лорин на 67-то издание на Евровизија, на социјалните мрежи истовремено беа лансирани теории на заговор за местење резултати, а многумина се убедени дека се било исценирано за Шведска да биде домаќин на 50-годишнината од победата на АББА на ова натпреварување.
Со синоќешната победа на Евровизија, Лорин влезе во историјата како прва жена која двапати победила на ова натпреварување и освоила вкупно 583 поени.
Од нив таа доби 243 од публиката, но интересно е што ниту една земја не и додели максимален број поени при телефонското гласање.
Иако не е неочекувано што многумина се незадоволни од победата на шведската претставничка и поразите на нивните миленици, на социјалните мрежи се појави и теорија на заговор дека нејзината победа е наместена.
Имено, во бројните објави, пред се на Твитер, тие ја споменуваат „случајноста“ што следната година култната шведска група АББА со песната „Ватерло“ ќе одбележи 50 години од победата на Евровизија и дека оваа земја ќе биде домаќин токму во тоа време.
„Продуцентите на Евровизија додека смислуваат начин како Шведска да победи навреме за 50-годишнината на АББА“, „Лорин да победи за Шведска да биде домаќин на 50-годишнината на АББА“, се само дел од коментарите.
Многумина истакнаа дека не тврдат дека е наместена, туку дека има „премногу случајности“.
Да потсетиме дека АББА победи на изданието на натпреварот во 1974 година, настапувајќи во Брајтон, кој беше домаќин на Изборот за песна на Евровизија во име на претходниот победник, Луксембург.