“На Србија денес отпаѓа повеќе од 50 отсто од економијата на Западен Балкан!“ – Вучиќ јасно порача: “Косово? Не планирам да потпишам ништо!“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се уште не добиле нацрт за тоа што сака Европската унија во преговорите за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Ние доставивме наш предлог, Албанците го доставија својот, од Брисел уште ништо не добивме“, истакна тој во своето обраќање пред граѓаните.

Тој додаде дека прв ќе ги открие деталите од планот кога ќе пристигне и изјави дека никогаш не ги криел своите планови.

Никогаш не сум криел ниту една буква или збор“, тврди претседателот на Србија.

Вучиќ во своето обраќање кажа и дека во Охрид, 18. март, кога ќе се одржи новата рунда преговори, нема да биде „никаков судбоносен или кобен ден“. Тој ги обвини критичарите дека не се грижат за Косово и дека се надеваат дека тој ќе потпише некаков договор.

Единствено што ги загрижува е тоа што имаат можност јавно да пукаат во претседателот на Србија“, кажа Вучиќ, објавија соседните медиуми.

Тој додаде дека во последните денови било разгледано што е неопходно за нормализирање на односите, нагласувајќи дека за него „тоа не е еуфемизам за признавање на Косово, де факто или де уре“.

За мене нормализацијата значи да имаме подобри односи со Албанците, да ги решаваме безбројните проблеми што ги имаме и да се трудиме да живееме што е можно повеќе заедно, а колку што не – еден до друг“, изјави тој. Тој ги повика граѓаните да му веруваат на државниот врв и порача дека ќе се потруди да го зачува мирот и да тргне кон патот на нормализацијата, чувајќи ги виталните државни и национални интереси.

Не мора утре да гласаат за мене, само барам да веруваат во посветеноста, мудроста, сериозноста и патриотизмот на нивниот државен врв. Знам што правам, знам што правиме. Немаме други гаранции, некој мора да преговара. И никогаш нема да признаам ништо тајно. Знам што не смееме да загубиме, а знам што мораме да сочуваме“, нагласи Вучиќ.

Тој, исто така, вели дека денес на Србија опфаќа повеќе од 50 проценти од економијата на Западен Балкан.

Србија до пред неколку години беше само 39 до 40 отсто од вкупната економија на Западен БалканСрбија денес е Србија. Како што гледаме, повеќе од 50 проценти од економијата на Западен Балкан“, порача тој.

Со растот на српската економија, тоа е она што можеме да го искористиме за да соработуваме со сите и тоа е она во што можеме да победиме“, нагласи тој.

Тој ги коментираше и шпекулациите дека ќе ја остави премиерката Ана Брнабиќ да потпише евентуален договор со Приштина.

Кога ќе слушнете такво нешто од некого, слободно кажи му во лице дека е лажго… Кога некој ќе потпише нешто, јас ќе потпишам, а не планирам ништо да потпишам“, изјави тој.

Александар ВучиќБелградЕвропска унијаКосовоМоскваОхридпреговориСрбија