За време на годишната конференција на рускиот претседател Владимир Путин на екраните беа емитувани многу критики од граѓаните.
На маратонската прес-конференција, која траеше повеќе од четири часа, рускиот лидер одговараше на прашања од граѓаните пред новонарите во живо за првпат по неколку години.
Голем број критики на граѓаните се појавија на екранот свртен кон Путин, а британскиот таблоид Сан изјави дека имаше ,,спектакуларна грешка” за време на реализацијата на програмата.
– Кога вистинската Русија ќе биде иста како Русија на телевизија – напиша еден граѓанин.
– Не се кандидирајте за уште еден претседателски мандат. Направете простор за помладите – вели друг граѓанин.
– Ова прашање нема да се емитува. Би сакал да знам кога нашиот претседател ќе обрне внимание на својата земја? Немаме образование, немаме здравство, бездната е пред нас – стои во една од пораките.
Путин не одговори на ниту едно од овие прашања.
Сепак, рускиот лидер на граѓанско прашање одговори дека во Украина ќе има мир само кога Русија ќе ги постигне своите цели.