На една студентка по грешка и префрлиле огромна сума пари на сметката . Веднаш штом го видела, се упатила кон продавниците и потрошила многу пари на брендирана облека. А потоа завршила во полиција.
На студентката Кристин Џиаксин Ли и биле исплатени 2,8 милиони евра . По грешка. Бидејќи не пријавила што се случило, полицијата ја уапсила на аеродромот во Сиднеј каде чекала лет за Малезија, имала итен пасош.
Студентката кој тогаш живеела во Австралија потрошила два милиони евра. Таа ги опустошила продавниците . Купила дизајнерска облека и чанти, потоа накит и мобилни телефони. Парите кои се појавија како гром од ведро небо, таа ги искористи за да изнајми пентхаус.
Во март 2016 година, против неа е поднесена пријава , одземени и се патните исправи. Надлежните органи во Австралија на крајот го отфрлија обвинението, пишува Индекс.