Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштуваат дека сообраќајот во државата се одвива без пречки и по суви коловози.
Оттаму најавуваат дека сообраќајот надвор од градските средини се развива со умерен интензитет.
„На граничните премини Богородица и Табановце чекањето за излез од државата е околу еден час. На другите гранични премини нема долго чекање за влез и за излез од државата“, велат од ЛАММ.
Од таму им препорачуваат на возачите да внимаваат на брзината на возилата, особено по котлините во земјава каде може да има одрони.