На поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска му истекува рок за уплата на 456,8 милиони долари за жалбата на пресудата за измама, а во спротивно Њујорк би можел да заплени негов недвижен имот.
Судијата Артур Енгорон минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја зголемувале вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.
Со камата, Трамп на сојузната држава Њујорк и должи 456,8 милиони долари.
Трамп е обвинет во четири други одделни случаи