„На Трамп навистина им се допаѓаат“: Оваа земја има „добри шанси“ за договор со САД

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека има „добри шанси“ САД и Велика Британија да постигнат „голем договор“ за трговијата, благодарение на „љубовта“ на американскиот претседател Доналд Трамп кон земјата и британското кралско семејство.

Како што пренесува Ројтерс, Британија била „поштедена“ од најстрогите царини во првичниот план на Трамп, бидејќи трговските односи меѓу двете земји се претежно избалансирани.

Сепак, британскиот увоз во САД сега подлежи на царина од 10 отсто, додека челикот и автомобилскиот сектор се соочуваат со стапка од 25 отсто.

Венс рече дека Трамп „навистина го сака Обединетото Кралство“ и дека „ја сака кралицата и го почитува кралот“.

Тој исто така нагласи дека односот со Британија е многу важен, бидејќи Трамп како бизнисмен имал бројни важни деловни обврски во Британија.

Зборувајќи за културната врска меѓу САД и Велика Британија, Венс рече дека има добри шанси да се постигне голема работа што е во најдобар интерес на двете земји.