На Украина итно и е потребна воздушна одбрана, вклучително и муниција, резервни делови и одржување на системите што веќе ги има украинската Армија, посочи денес генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој кажа дека војната, сега веќе во својата втора година, и дека ова е војна на трошење, но не и ќор-сокак, со оглед на она што Украина го доби за време на контраофанзивата што ја започна во јуни во обид да ја врати територијата што е окупирана од руските сили.
„Ако сакаме крај на војната, ако сакаме праведен и траен мир, тогаш воената поддршка за Украина е вистинскиот начин“, изјави Јенс Столтенберг во интервју за медиумската агенција Reuters во Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на ОН.
Според него, на Украина и требаат многу различни видови поддршка.
„Итно има потреба од против-воздушни системи, не само за нови системи, туку и за муниција, одржување, резервни делови… Гледаме дека против-воздушната одбрана секојдневно спасува животи во Украина и треба да ги одржуваме системите за против-воздушна одбрана на Украина“, нагласи Јенс Столтенберг.
Тој одби да каже колку муниција сојузниците на НАТО може да испорачаат на Украина секоја година, ниту кога точно борбените авиони F-16 ќе бидат испорачани на Киев.
„Сојузниците напорно работат на обука на пилоти за F-16 што е можно поскоро“, заклучи Јенс Столтенберг.