Црногорските царински службеници на граничниот премин Божај-Хан Хоти, спречиле шверц на околу 500 килограми марихуана.
Крајната дестинација на дрогата, произведена во Албанија, требало да биде Австрија.
Според албанските медиуми, кои се повикуваат на црногорските власти, дрогата била откриена во камион кој транспортирал дрвени палети меѓу кои биле скриени 185 пакувања со марихуана.
Возилото било со албански регистарски ознаки, а приведени се две лица, татко и син, жители на Драч.
Надлежните органи на двете земји ќе спроведуваат координирана истрага за откривање други лица вмешани во овој случај.