На американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез ѝ беше забранет влез во бутикот на Шанел во трговскиот центар „Истиње Парк“ во Истанбул, објавија локалните медиуми. Таа реагираше на ова на начин на кој многу други ѕвезди не би реагирале.
Кога обезбедувањето ѝ кажало дека не може да влезе, Лопез не се вознемирила, туку само рекла „Добро, нема проблем“ и си заминала. Потоа вработените во бутикот ѝ пришле, се извиниле и ја поканиле да се врати, што таа го одбила.
Американските новинари го контактираа менаџерот на пејачката во врска со оваа вест, но не добија одговор. Наместо во Шанел, таа купуваше во други луксузни бутици како „Селин“ и „Бејмен“.
Инаку, на 5 август таа одржа концерт во Истанбул во рамките на турнејата „Up All Night“. Кон крајот на минатиот месец го прослави својот 56-ти роденден во Анталија, а дел од атмосферата објави на социјалните мрежи.
Пејачката ќе ја заврши гореспоменатата турнеја на 10 август, кога ќе настапи во Алмати, Казахстан.