Комесарот на НБА, Адам Силвер, најави револуционерна промена кога станува збор за натпреварот на сите ѕвезди.
Средбата на сите најголеми ѕвезди на НБА привлекува сè помалку внимание секоја година, а челниците на НБА пробаа сè, дури и создадоа формат на мини-турнир во кој победник е тимот што прв ќе стигне до 40 поени.
Откако ни тоа не ги импресионираше навивачите, Силвер и тимот решија повторно да го променат форматот, па ќе го гледаме дуелот Американците против остатокот од светот на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес на 15 февруари.
Значи, од едната страна ќе бидат Леброн Џејмс, Џејсон Тејтум, Стеф Кари, Кавај Леонард, Ентони Едвардс, Донован Мичел… а од другата страна Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Шаи Гилџус-Александар, Јанис Антетокумпо, Виктор Вембањама, Карл-Ентони Таунс…
Овој формат на натпреварување на Ол-стар натпреварот е посакуван од навивачите со години, а нивната желба ќе биде исполнета, а ќе видиме дали одлуката на Силвер ќе го врати Ол-стар викендот во неговиот поранешен сјај.