Дејан Милојевиќ беше фаворит во Голден Стејт. Како член на стручниот штаб на Вориорс, тој беше вреден работник и сакаше да се шегува со своите колеги и играчи.
Голема болка остана по ненадејната смрт на Милојевиќ на 47-годишна возраст и сеќавањето кое никој не може да го избрише.
Како смртта на Дејан ги потресе сите во клубот можеби најдобро опишуваат сцените пред натпреварот помеѓу Голден Стејт и Атланта.
Еден од најдобрите шутери во светот, Клеј Томпсон, си ги бришеше солзите со марамче, а еден од најголемите играчи во НБА, Дрејмонд Грин, беше во болка, скршен од загубата на тренерот од кој учеше и добиваше совети за играчите на центарските позиции секој ден.
Голен Стејт ја победи Атланта со резултат 134:112 на збогувањето со својот „брат“ од Србија.