Италијанската фудбалска федерација (FIGC) и раководството на Серија А потпишаа договор без преседан во светот на фудбалот.
Имено, платите на фудбалерите од тимовите кои испаднаа во Серија Б ќе бидат намалени за 25 проценти.
Имено, на овој начин, Серија А сака да го контролира финансискиот притисок врз клубовите кои го напуштаат друштвото на најдобрите, а овој договор ќе се применува за сите потписи на договори од јануарскиот преоден рок и ќе важи пет години.
Ова ново правило нема да се применува ретроактивно, односно договорите што играчите ги имаат моментално и сите нови договори што ќе бидат потпишани до 1 септември ќе останат во сила.
Она што е важно да се напомене е дека платите на играчите ќе се вратат на договорениот износ во случај тимот од Серија Б да се врати во Серија А.
Исто така, помладите играчи нема да мора да се плашат од намалување на платата бидејќи ќе имаат загарантирана минимална плата.