На крајот на декември минатата година, поминаа точно десет години откако легендарниот Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање на француските Алпи.
Оттогаш, јавноста не ја знае здравствената состојба на седумкратниот шампион во Формула 1.
Семејството ги чува информациите колку што е можно повеќе во тајност. Сепак, одвреме-навреме протекуваат некои информации, но прашање е колку тие се веродостојни.
Сега се огласи поранешниот возач Џони Херберт. Тој се повика на информациите што ги добил од официјалните лица на Формула 1 и вели дека закрепнувањето на Михаел Шумахер оди во позитивна насока.
„Слушнав дека Михаел Шумахер седи на маса и вечера“, изјавил Џони Херберт за британските медиуми.
Џони Херберт рекол дека не знае дали тоа е вистина.
„Не сум слушнал многу од семејството и тоа е разбирливо. Тоа отсекогаш беше голем дел од начинот на кој Михаел Шумахер и неговото семејство чуваа сè многу приватно, многу тајно. Луѓето би сакале да знаат, сите би сакале да знаеме дека неговото здравје напредува. Претпоставувам дека семејството чека науката да излезе со нешто што се надеваме дека ќе го врати Михаел Шумахер онаков каков што сите го знаевме“, вели тој.
На 29. декември 2013 година, Михаел Шумахер падна на скијање. Во таа прилика тој удрил со главата во карпите покрај патеката и оттогаш или е во болница или на домашно лекување.