Младата Месечина, која симболизира нов почеток во животот, нè очекува утре во 1:44 часот во водениот знак Риби. Младата месечина во Риби е добра за сите знаци, но повеќе ќе ја почувствуваат Рибите, Ракот и Скорпијата.
Младата месечина во Риби носи силна енергија на духовност и емоционално обновување. Рибите се знак на соништата, интуицијата и длабоките чувства, така што овој лунарен циклус ја отвора вратата за внатрешно испрашување, поврзување со потсвеста и манифестирање на желбите на срцето.
Ова е идеално време да поставите нови намери, особено оние кои се однесуваат на креативноста, лекувањето, духовната пракса или ослободувањето од минатото. Бидејќи Рибите се променлив и воден знак, може да има чувство на зголемена чувствителност, сонливост или збунетост, но и можност за длабоко разбирање на сопствените емоции.
Ослободување од илузии
Младата месечина во овој знак не повикува да и веруваме на нашата интуиција, да се ослободиме од илузиите и да се потпреме на верата – без разлика дали во себе, вселената или некоја повисока сила. Ова е одлично време за медитација, работа со соништата, креативно изразување и ослободување од се што не спречува да растеме.
Доколку сте во процес на донесување одлука, дозволете си малку време да го почувствувате вистинскиот пат, бидејќи Рибите не дејствуваат преку логика туку преку внатрешно чувство. Оваа млада Месечина носи моќна симболика на завршетоци и нови почетоци, повикувајќи нè да го ослободиме товарот од минатото и да зачекориме во новото со повеќе вера и јасност.