Неверојатен пресврт во истрагата за трагедијата во Скадар! По исчезнувањето на Алма и децата, Ерџис се обидел да ги сокрие трагите!? Љубивницата повторно на сослушување (фото)

Обвинителството во Скадар во вторник повторно ќе ја сослуша јатрвата на Алма Арази која се удави со трите деца во Бојана!

Според албанските медиуми, истражителите сакаат да разјаснат многу прашања за трагичниот настан што се случи вечерта на 2 мај, кога Алма најверојатно ги фрлила своите три деца во реката Бојана, а потоа се самоубила.

Последната која разговарала со Алма била нејзината јатрва со која пред трагедијата пиела кафе во детската игротека. Истражителите сметаат дека јатрвата може да ја расветли врската меѓу Алма и Ерџис, кој западна во брачна криза поради врската со малолетничка (17), која, според албанските медиуми, траела седум месеци.

Резултатите од двата вештачења би можеле да дадат конечни одговори на многу прашања.

Се очекуваат резултатите од токсиколошката анализа на Алма и децата  додека резултатите од форензичкото вештачење на телефонот на Ерџис, кој, според албанските медиуми, ги избришал сите пораки што ги разменил со неа по исчезнувањето на сопругата и децата. Инспекторите се обиделе да ги извадат пораките за да проверат дали имало притисок и вербални закани упатени кон сопругата.

Ерџис е под надзор во затворот Речи.

Албанските медиуми го добија извештајот на затворскиот психолог за Ерџис, кој е напишан во 2022 година кога тој бил во притвор поради наркотици. Затворскиот психолог наведува дека Арази покажал интерес за програми за рехабилитација по индивидуална социјална обука.

Се наведува и дека во текот на двата месеци во затворот Арази имал три скајп разговори со семејството и само една физичка средба со децата и сопругата. Потоа изјавил дека имал добри и стабилни односи.