Докторка по име Франциска Шлосер – добила вонредно отказ откако нејзините колеги пријавиле дека таа ја напуштила болницата во Хамбург каде што работела 23 години 28 минути порано по 24-часовна должност, пренесува списанието Fenix.
Таа ја тужела болницата и добила 400.000 евра отпремнина:
„Не можам да дозволам да стои обвинението така. Не направив ништо лошо. Сега доаѓаат и ја конструираат оваа измама со работно време. Ова е толку апсурдно“, вели 54-годишната докторка.
Докторката била поддржан и од Marburger Bund (MB), најголемото германско докторско здружение. Катарина фон дер Хејде е директор на MB во Хамбург и негов правен застапник.
„Вонредното разрешување не е дадено навреме“, истакнала таа.
Првиот човек на болницата, Филип Ветенгел, изјавил дека немале намера да се борат со докторката.
„Ми кажаа дека си заминала порано. Изјавата на сведокот ми е веродостојна. Но, не знам како беше и сакам да завршам со ова“, изјавил Филип Ветенгел на судот во Хамбург.
Судот смета дека обвинувањата против докторката се неосновани. Но, по 23 години поминати во болница, деловниот однос меѓу докторот и болницата заврши. Обвинението беше повлечено, а докторката доби отпремнина.
„Премногу се случи, па не сакаат да го продолжат работниот однос“, вели адвокатот на болницата.
Двете страни се договориле за спогодба: Франциска Шлосер ќе ја напушти болницата на 31. јануари и ќе добие отпремнина од 400.000 евра.
„Од срце ми падна голем товар бидејќи процедурата е завршена. Ќе се смирам малку, ќе дишам и ќе барам нова работа“, изјавила докторката во интервју за германскиот RTL.