НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ – 14 години лежела во кома, а оденаш дознале дека пациентката е бремена! Бизарен настан го потресе светот – родила машко дете и дознале кој е таткото…

Пациентка во Аризона, САД, се породила и покрај тоа што била во вегетативна состојба повеќе од една деценија – едно лице е уапсено за силување.

Пациентка во здравствена установа во Феникс, Аризона, се породила кога имала 29 години, а нејзиниот случај ја шокирал јавноста бидејќи била во вегетативна состојба (кома) повеќе од една деценија. Персоналот што се грижел за неа не знаел дека е бремена додека не родила здраво машко бебе на 29. декември 2018 година. 

Пациентката била силувана неколку пати, а во врска со оваа ситуација во јануари 2019 година бил уапсен медицинскиот брат Нејтан Сатерленд, кој тогаш имал 36 години, а директорот на „Hacienda HealthCare“ поднел оставка. Медицинскиот брат бил обвинет за сексуален напад и злоупотреба на ранливи возрасни лица, објави Rollingstone.com.

На почетокот на јануари 2019 година, полицијата издала наредба да се земе ДНК примерок од сите вработени мажи за да се утврди кој ја силувал жената која била во вегетативна состојба. Во 2019 година, пациентот бил во вегетативна состојба 14 години. 

Инаку, жената е и припадник на локалното племе Сан Карлос Апачи

Во име на племето, јас сум длабоко шокиран и ужаснат од третманот на еден од нашите членови. Кога имате некој близок кој е на палијативна нега, кога е најранлив и зависен од други, им верувате на неговите старатели. За жал, на еден од нејзините старатели не требаше да му се верува и тој ја искористи“, соопштило племето во 2019 година.

Во анонимно интервју за ABC-15, поранешната старателка на пациентката изразила неверување дека нејзината бременост поминала незабележана. 

Не можам да верувам дека некој ќе ја капе секој ден девет месеци и никогаш нема да виде дека нема менструација, дека нејзиниот стомак растел, дека медицинските сестри не ја следат нејзината тежина. Тие работи се шокантни за мене“, рекла претходно поранешната старателка.

Семејството на пациентката претходно изјавило дека нејзиниот син ќе порасне со многу љубов и дека добро ќе се грижат за него. Инаку, пациентката најмалку десет години е во наведената здравствена установа.

болестживотСАД