Многумина од нас фантазираат за добивање односно освојување на лотарија за да можеме да живееме луксузен живот до крајот на нашите денови.
Меѓутоа, еден човек од Пенсилванија накратко доживеал како е да се поседува голема сума пари за која никогаш не ни сонувал во своите најлуди соништа, пишува Daily Mail.
Имено, во јули 2013 година, Крис Рејнолдс од округот Делавер бил запрепастен кога открил дека на неговата сметка по грешка биле префрлени 92 квадрилиони долари.
Тој ја отворил својата сметка и открил дека платформата PayPal погрешно му припишал вкупно 92.233.720.368.547.800 долари.
Таквата неверојатна сума го направило најбогатиот човек на светот во моментов, надминувајќи го личното богатство на луѓе како Бил Гејтс и Џеф Безос.
Всушност, според некои стандарди, тој добил повеќе пари отколку што моментално се достапни на целата планета.
Тој за Daily News тогаш изјавил дека огромната сума направила да се чувствува „како да вреди милион долари“.
„Отпрвин мислев дека должам квадрилиони. Тоа беше прилично големо изненадување“, рекол тој.
На прашањето што би направил ако може да ги задржи парите, тој рекол дека ќе ги искористил за „намалување на националниот долг“.
Пред ова неочекувано зголемување на неговата сметка, Крис Рејнолдс рекол дека најмногу што некогаш заработил преку PayPal биле „нешто повеќе од 1.000 долари“ кога продал сет стари гуми од автомобил марка „BMW“.
За жал, вработените во PayPal набрзо ја сфатиле својата грешка, го поправиле проблемот и му се извиниле за „непријатноста“.
„Ова е очигледно грешка и го цениме г-дин. Крис Рејнолдс што ја сфати“, стоело во соопштението на компанијата.
Откако ги повлекле парите, PayPal понудил да донира непозната сума на пари во добротворна организација по избор на Крис Рејнолдс.
„Мислиме дека е инспиративно што тој одлучи да го искористи овој настан за да донира на оние на кои им е потребно. Го контактиравме со оваа понуда и да му се заблагодариме што е наш клиент!“, објасниле од компанијата т.е. платформата за трансфер на пари.