Фудбалерот Мамаду Кулибали е актуелен играч на Салернатина, а неговата животна приказна остава без здив.
Слободно може да се каже дека животниот пат на овој млад фудбалер беше повеќе од трнлив. И како што среќата ги следи храбрите, така таа му беше верна сопатничка на ова лудо патување.
„ Го зедов ранецот и му открив на другарот дека заминувам низ светот. Родителите мислеа дека сум на училиште, а јас го исклучив мобилниот и не се јавував во наредните три-четири месеци. Мислеа дека сум мртов“, вака ја започнува приказната младиот фудбалер од Сенегал, кој отишол на некои поубави места, и по тој пат, се водел од желбата за успех .
„ Дојдов од Сенегал во Мароко со автобус. Но, тоа беше најлесниот дел од патувањето. Потоа моравме да се качиме на брод, но немав пари. Спиев со денови на морското пристаниште и се надевав дека некој ќе ме префрли на копно. Се појави човек и ме префрли. Среќата ме послужи и таму. Не знаев да пливам, а кој знае што би ми се случило ако се потопеше бродот .”
Успеа да „достигне“ до Италија, но неговите авантури не завршија тука.
„ Останав без пари и немав ништо. Спиев на улица. Ако јадев сендвич, мојата среќа никогаш немаше да заврши. Рим беше мојот нов дом, а потоа ми препорачаа да се преселам во Пескара“ .
Така направи, каде што набрзо беше „забележан“ од фудбалските агенти и набрзо го облече дресот на Пескара. Сега сè му е добро, а родителите кои ги нанел низ многу маки можат да здивнат.
” Беа многу лути кога побегнав. Татко ми не сакаше да зборува со мене и едвај се помиривме. Мајка ми плачеше кога слушна дека сум исчезнал. Не сум ја видел две години и многу ми недостига”, изјави овој 23-годишен фудбалер .
А денес – фудбалер кој игра во италијанската лига и кој заработува стотици илјади евра.
Ете тоа е животот…